Не за војната – не за НАТО

Апелот договорен во Штутгарт на 5 Октомври 2008

По повод шеесетгодишнината од постоењето на воената организација НАТО, апелираме до сите луѓе да ни се придружат во Стразбур и Келн во Април 2009 во протестите против агресивната воена и нуклеарна политика на НАТО и со тоа да ја афирмираме нашата визија за праведен свет без војни.

НАТО станува се поголема пречка во напорите за воспоставување на светски мир. Од крајот на Студената Војна до денес, НАТО се прикажува себе си како алат за воена акција на „меѓународната заедница“, вклучително и промовирањето на таканаречената „војна против теророт“. Всушност, тој претставува средство за насилната политика на САД, со воени бази на сите континенти, ги прескокнува ООН и системот на меѓународно право, ја забрзува милитаризацијата и ескалацијата на трошоците за вооружување – земјите членки на НАТО сочинуваат 75% од глобалните трошоци за вооружување. Следејќи ја таа експанзионистичка агенда уште од 1991, дизајнирана да ги унапреди стратешките и ресурсните интереси, НАТО водеше војни на Балканот, под плаштот на таканаречените „хуманитарни војни“, и веќе седум години води брутална војна во Авганистан, каде трагичната ситуација ескалира и војната веќе се прошири во Пакистан.

Во Европа, НАТО ги зголемува тензиите, ја поттикнува трката во вооружување преку таканаречената „ракетна одбрана“, масивниот нуклеарен арсенал и политиката на нуклеарен удар. Политиката на ЕУ е се повеќе врзана за НАТО. Продолжувањето на експанзијата на НАТО кон Источна Европа, па и понатаму, и неговите операции „надвор од дометот“ го прават светот се понебезбедно место за живеење. Конфликтот на Кавказот е јасен показател на опасностите. Секое ширење на границите на НАТО ја зголемува можноста за војна, вклучително и можноста за употреба на нуклеарно оружје.

Со цел да ја достигнеме нашата цел за мир во светот, ние ја одбиваме политиката на воени одговори на глобалните и регионалните кризи – тие се дел од проблемот, не од решението. Ние одбиваме да живееме под теророт на заканата со нуклеарно оружје и ја одбиваме новата трка со вооружување. Ние мора да ги намалиме трошоците за вооружување – и наместо на тоа, да ги пренасочиме средствата кон вистинските потреби на луѓето. Мораме да ги затвориме сите странски воени бази. Им се спротивставуваме на сите воени структури кои се користат за воени операции. Ние мора да ги демократизираме и демилитаризираме односите помеѓу луѓето и да воспоставиме нови форми на мирна соработка со цел да изградиме еден побезбеден и праведен свет.

Ве повикуваме да помогнете со ширење на оваа порака во вашите заедници и движења, да ни се придружите во Стразбур и во Келн за да ја направиме оваа визија реалност. Ние веруваме дека мирен свет е возможен.

Не за војната – не за НАТО

Активностите за време на анти - НАТО протестите ќе вклучуваат: демонстрации во Саботата на 4 Април 2009, интернационална конференција од Четвртокот 2ри Април до Неделата 5ти Април, директна акција и акција на граѓанска непослушност, како и интернационален камп на отпорот од Средата 1ви Април до Недела 5ти Април.

Programmes & Projects
Theme
Institutions

Neuen Kommentar hinzufügen

CAPTCHA
Bild-CAPTCHA
Geben Sie die Zeichen ein, die im Bild gezeigt werden.
Diese Sicherheitsfrage überprüft, ob Sie ein menschlicher Besucher sind und verhindert automatisches Spamming.